МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Ова е вистината за МВР!

   Време за читање 2 минути

Прес-конференција на Синдикатот на полицијата во Македонија:

МОТИВИРАНА ПОЛИЦИЈА!

ДОВЕРБА КОН ПОЛИЦИЈАТА!

МВР ЦЕЛОСНО РЕФОРМИРАНА ДЕМОКРАТСКА ИНСТИТУЦИЈА!

ЕФИКАСНОСТ НА ПОЛИЦИЈАТА!

ОПРЕМЕНА ПОЛИЦИЈА!

ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА, БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ!

17 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОЛИЦИСКИ ОБЈЕКТИ!

13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОПРЕМА, УНИФОРМА…..

ПРОЕКТ : МВР ФАКТИ!

ПРОЕКТ : ВИСТИНАТА ЗА МВР!

Вака гласеа насловите на нашето Министерство и вака и на ваков начин нас вработените, медиумите така и јавноста не убедува дека МВР овој период ги живее најубавите години, дека го има најдобриот Министер кој некогаш го дала Македонија, МВР во негово време ги живее најубавите и најплодни години и доколку веруваме на нивниот ПР на социјалните мрежи и медиумите ќе помислиме дека навистина е така и дека го имаме најдобриот Министер за внатрешни работи кој некогаш постоел.

Но дали е навистина така и дали МВР е такво Министерство како што се прикажува во јавноста,најдобро тоа го знаат и дознаа вработените. Време е покрај нив вистината да ја обелодениме и пред Македонската јавност. Да одиме по ред….

Како медиуми веруваме дека знаете дека бројката на вработени во МВР е околу 11.000 лица.

Денес ќе објавиме шокантни и прецизни бројки за катастрофалното владеење на едно Министерство за кој одговорно тврдиме дека наместо „Задоволна и мотивирана полиција“ единствено создаде УПЛАШЕНА ПОЛИЦИЈА!

Во периодот 2016-2023 година во МВР има рекордни 21.852 распоредувања❗

Во периодот 2017-2023 година – во МВР има 19.898 тужби❗

Во периодот од 2016- 2023 година од сметката на МВР по налози за извршни судски решенија се одлеани 22.834.231 милиони евра❗

Ова раководство на МВР дојде со намера да воведе позорна служба, не беше способно да воведат ниту ветинг кој со години го најавуваа. Раководството во МВР единствено беше способно да се справува со синдикални претставници кои не се плашеа во лице да ја кажуваат вистината!

Ова се вистинските факти во МВР❗

Ова е вистината за МВР❗