Економија

Азески именуван за придружен член на Европскиот економски и социјален комитет за 2024 година

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески е именуван како придружен член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) за 2024 година, во рамки на иницијативата на Европскиот економски и социјален комитет за вклучување на претставници од земјите-кандидати за членство во ЕУ во структурата на организацијата.