Со две минимални плати, минималната синдикална кошница од 57 илјади денари останува само сон
Седумнаесет илјади денари му недостасуваат на семејство каде двајцата родители се со минимална плата за да ги купат најнеопходните продукти. Доколку родителите се со просечна плата од 38 илјади денари, може да се протурка месецот и ако се живее под кирија бидејќи тогаш кошничката тежи 72.851 денар
СКОПЈЕ – Со две минимални плати четиричлено семејство не може да преживее, покажуваат пресметките на Сојузот на Синдикат на Македонија (ССМ). Јазот меѓу две минимални плати и минималната потрошувачка кошничка е нешто над 17 илјади денари или речиси 300 евра и во февруари годинава. Пресметките на ССМ покажуваат дека синдикалната кошница за месец февруари тежи 57.476 денари и тоа е сумата која му е потребна на четиричлено семејство некако да го истурка месецот купувајќи го само најнеопходното.
Повеќе на Глас на Америка

