СПМ: Порано не ги вадеше од уста, откако дојде на власт ти се “трн” во око… Министре зошто ги заборави бранителите

Порано не ги вадеше од уста, откако дојде на власт ти се “трн” во око… Министре зошто ги заборави бранителите❓️

Како Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ сме должни да ги следиме сите чекори, активности, залагања на раководството на МВР, во однос на вработените, но и во однос на јавноста и граѓаните, бидејќи како за нас , како полицајци и вработени во МВР, односот и релациите со граѓаните се од суштинска важност и за нашето раководство. На тој начин се гради колективниот интегритет и углед на институцијата, со секојдневно надоградување на личниот и професионалниот интегритет, залагања и работа на секој поединец во МВР.
Во тој контекст, ги поздравуваме активностите на Министерот Спасовски, следствено на меморијалниот пост за сеќавање на катастрофалните поплави во Скопје. Таквото чествување на солидарноста и херојството на граѓаните е за почит од веќе наведените причини. Исто така Министерот Спасовски секоја година не ги заборава и настаните од 24-ти Декември и 27-ми Април, за кои знае да нагласи “ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ”❗️❗️❗️

И мораме да се согласиме дека не смеат да се повторат (иако некако се провлекуваат во нашата најнова историја, па и сегашност со помал интензитет). Како припадници на МВР особено сме задоволни за неговото чествување и сеќавање на 9-ти и 10-ти Мај 2015-та година, катастрофалниот настан кој беше кобен за многу наши колеги. За тој настан ние нагласуваме ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!!! На тој начин Министерот допринесува за неговиот личен интегритет во склоп на колективниот интегритет на МВР и кај граѓаните.

Но дали е доволно тоа за Министер за внатрешни работи?

Дали само актуелните активности и залагања се репер за личен и професионален интегритет и зачувување на угледот на МВР?
НЕ❗️ НЕ Е ДОВОЛНО❗️❗️
Не може да се покажува интегритет, морал и етика само тогаш кога ти е потребно, господине Министер. Не може да ги користиш, подобно, настаните за самопромоција. Не може да “одбираш” кои настани, кои граѓани, кои колеги ќе ги споменеш и чествуваш, а кои ќе ги чуваш за резерва, кога ќе ти притребаат за “не дај боже”. Тоа е лицемерие и користољубие. А тие никако не кореспондираат со интегритет, етика, морал, углед. Не смееш како Министер да заборавиш на што и на кого си му посветил внимание додека ти користеле за зголемување на рејтинг, а сега, години наназад да ги избришеш од меморија.

Во “твоето” МВР има една категорија на “заборавени”. И од тебе и од твојот “кордон” од раководни марионети. Не не изненадува тоа што ти ги заборави, но изненадува фактот што некои од тие марионети и самите се припадници на таа категорија, но за да ти удоволат Тебе и кај нив настапи колективна амнезија.

Можеби ќе те потсети датумот 28 Април 2001-ва⁉️
Можеби ќе те потсети датумот Јуни и Август 2001-ва⁉️

Или да не влегуваме во детали, за да не те збуниме, датумот нека биде година❓️ 2001 ⁉️❗️
Бранители!!! Те потсеќа нешто или не, господине Министер? До 2016-та знаеше да “се сетиш” на бранителите, го чествуваше и осудуваше масакрот кај Вејце, сочувствуваше со семејствата на сите загинати бранители, ветуваше решавање на нивниот статус, исто како статусот на секој бранител во кои ветувања и активности придружник ти беше и еден “генерал” кој никако да се појави во последно време, освен по наредба (така е навикнат човекот, не е за замерување).
Но од 2016-та и кај тебе настапи амнезија за овие припадници на МВР, од кои многу се се уште во активна служба. Ги избриша од “твојата листа” на приоритети, активности па дури и сеќавање. Не ги споменуваш ни за жива глава. Дали тоа значи дека тие веќе не се важни за тебе? Кога веќе се устоличи на тронот, бранителите ти се трн во око, непотребна и искористена хартија⁉️❓️🚨⛔️

Еве повторно да те потсетиме дека следи период од еден настан за кој домашни и странски воени експерти го категоризираа како најтешката битка во поновата историја на Европа! Невозможна мисија на одбрана! Невозможна мисија која оневозможи окупација на главниот град! Настан кој оневозможи уцени од страна на антидржавни воени структури, терористичка организација за исходот на воениот конфликт! Настан кој беше најголема причина за договорот за примирје без поголеми последици по државата! Два вода активни и резервни полицајци и едно одделение на АРМ против неколку чети на паравоени формации (во тоа време беше споменат Корпус како формација). На тој настан претходеше уште еден масакр на наши колеги, сограѓани. Настан кој ќе биде запаметен заедно со масакрот кај Вејце, како еден од најкрвавите. Но во Вашата меморија нема повеќе место за бранителите. Нема повеќе место ни во Вашите залагања очигледно, бидејќи со одлуката да ги одложите одредбите за заштита при работа во Колективниот, со Вашите привезоци од МПС, до 2025-та, им ја одзедовте последната надеж на живите бранители за било каква здравствена заштита, како и на останатите во МВР!!!

Тоа ли е Вашиот интегритет, господине Министер? Тоа ли е вашиот морал? Тоа ли е вашата етика за која своевремено изјавивте “За етички пропусти не се разговара, се дава оставка, за се друго се отвара постапка”❓️❓️⁉️

На крај, но не и последно, да ве потсетиме на уште еден факт. Категоријата Бранители, во моментот, Ви се најискусните работници во МВР, секој од нив со повеќе од 25 години активна служба. Работници кои се основата на надоградувањето на младите кадри во МВР. Полицајци без кои МВР воопшто не може нормално да функционира, нивното искуство, знаење, пожртвуваност, професионалност се репер, водилка за младите генерации кои доаѓаат.

Но повеќе од очигледно е дека Вие, од за нас необјасниви причини, ги избришавте, ги спакувавте и ги заборавивте. Нека ве потсетува секојдневно опремата која се уште ја користите, а која ја носеа тие припадници на МВР. И имајте на ум дека нема иднина без минато, исто како што нема дрво без корен. А коренот на денешната полиција е 2001-ва година, господине министер, признале Вие или не, сакале вие или не.

Ние тоа нема да го заборавиме❗️🎯