- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ со поддршка за полицајците кои го обезбедуваат протестот за “Монструм”

СПМ- Работник
47views

Синдикат на полиција на Македонија, изразува безрезервна подршка на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои што денес учествуваа во обезбедувањето на јавниот ред и мир на пошироко подрачје на град Скопје а во врска со одржаните протести за случајот “Монструм”. 

Истовремено Синдикатот на Полицијата на Македонија НАЈОСТРО ги осудува денешните напади врз припадниците на Полицијата и ги повикува институциите да ги превземат сите мерки за соодветно кривично правно процесуирање на сторителите. 
 
Воедно Синдикатот на Полицијата на Македонија изразува целосна солидарност со повредените колеги и им посакува добро здравје и што поскорешно заздравување. 
 
Апелираме кон актуелното раководството на МВР настанот да не го злоупотребуваат во маркетиншка намера и со тоа повредените колеги дополнително да не ги изложуваат на непријатни состојби. 
 
Што уште треба да се случи, па конечно да се почне со процесот на ВРАЌАЊЕТО НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА?
 
Синдикат на Полиција во Македонија 

Advertisement

Advertisement