Наука

Србин смислил апликација за контрола на луѓето во изолација: „Нашиот систем тешко може да се измами“

Србин смислил апликација за контрола на луѓето во изолација: „Нашиот систем тешко може да се измами“ - Работник
180views

“Лицето на кое му е одредена мерка самоизолација ја инсталира апликацијата и се регистрира во системот. Кога ќе дојде време, тој добива порака да направи селфи фотографија, што потоа автоматски се испраќа до серверот.”

Апликацијата „Остани дома“, чии креатори се експерти од српската компанија „Технолошко партнерство“, би можела да им помогне на надлежните органи лесно да ги контролираат лицата на кои им е препишана самоизолација, со помош на селфи и локацијата на мобилниот уред.

Белградските медиуми објавија за време на првиот бран на пандемијата дека во Србија имало 80.000 лица во самоизолација, додека денес има околу 10.000. Оние кои не ги почитуваат регулативите и одбиваат карантин, се загрозуваат себе си и околината.

Надлежните служби во Србија проверуваат дали луѓето се придржуваат кон пропишаната изолација со посета на нивните домашни адреси, но тоа би можело да се промени во иднина, пишува Објектив.

Како работи софтверот?

Сава Живановиќ, дипломиран електроинженер и сопственик на компанијата „Технолошко партнерство“, објаснува за „Објектив“ како работи апликацијата „Остани дома“.

– Лицето на кое е одредена мерка за изолација, ја инсталира апликацијата и се регистрира во системот. Кога ќе дојде време, тој добива порака да направи селфи, што потоа автоматски се испраќа до серверот. Нашата услуга „Verified by Pi“ ја потврдува автентичноста на сликата и метаподатоците, преку кои се потврдува времето и местото на неговото креирање. Селфи фотографиите се испраќаат директно на сервери под контрола на надлежните органи, кои имаат право да поседуваат вакви податоци – објаснува Живановиќ.

– За време на прегледот, со голема прецизност успеавме да ја провериме сликата и локацијата на корисникот. Знаеме многу за Android, особено за неговите недостатоци и се обидовме да создадеме систем што е исклучително тешко да се измами – посочува Живановиќ и додава дека неговиот софтвер е 99,99% безбеден.

Полесен систем за контрола

Доколку државата стоеше зад проектот на компанијата „Технолошко партнерство“, лицата на кои им беше пропишана самоизолација би имале обврска да ја инсталираат апликацијата на телефон.

– Тоа во голема мерка ќе ја олесни контролата и работата на надлежните служби. Ако некое лице го исклучил телефонот, тоа би значело дека тој свесно го крши законот, се загрозува себеси и околината. Казните треба да бидат сериозни, но тоа е работа за судот – вели соговорникот на „Објектив“.

Овој софтвер што спречува ширење на инфекцијата (преку праќање на податоци) или контролирање на примената на мерките за изолација, го поставува прашањето за можна закана за приватноста на граѓаните.

– Јас сум голем поддржувач на заштитата на приватноста! Ова не е за следење на сите луѓе, туку за оние кои се во карантин. Кога престанува потребата од самоизолација, корисникот едноставно ја отстранува апликацијата од уредот – заклучува Сава Живановиќ.

Извор: Telegraf.rs