Средба на министерката Мизрахи со генералниот секретар на Црвен Крст Саити
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити.
На средбата се потврди партнерската соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст којашто е воспоставена децении наназад и која е во интерес на создавање на услуги за најранливите категории на граѓани и на повозрасните лица. Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица. Изминатите неколку години Министерството и Црвениот крст отворија пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. Министерството за труд и социјална политика обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината.
Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст успешно соработуваат во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, како и поддршка во обезбедување на дневни услуги за лица со интелектуална попреченост.
На средбата беше потенцирано дека заедничката успешна сработка ќе продолжи и во иднина со цел поддршка и помош на најранливите граѓани на нашето општество.