ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

31 милиони евра поддршка за 60 илјади плати, компаниите можат да аплицираат до 30 април

Од денеска до 30 април компаниите и самостојните вршители на дејност можат да аплицираат за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, изјави дека 31 милиони евра се предвидени за исплата на платите на 60 илјади работници. Субвенциите варираат од 14 500 до 21 700 денари месечно.

За да ја искористат ова мерка, работодавците треба да достават барање во УЈП преку системот на е-даноци. Одговор ќе добијат за 3 дена доколку барањето им е комплетно. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ги објасни условите кои треба да се исполнат.