- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ССМ: Коронакризата ги зголеми месечните трошоци за 100 евра – зголемувањето на минималецот недоволно

ССМ: Коронакризата ги зголеми месечните трошоци - Работник
7.86Kviews

Првиот човек на Сојузот на синдикати Дарко Димовски  вели дека во изминатиов период на македонскиот работник само за лекување поради заболување од Ковид 19 или поради изолација, месечните трошоци за витамини и лекарства му се зголемиле за најмалку 6.000 денари, а паралелно  покачени се и цените на производите кои се неопходни за едно четиричлено семејство. Поради тоа, вели дека зголемувањето на минималната плата за нешто над 400 денари во март, нема да биде доволно. Според пресметките на ССМ, минималецот во земјва во овој момент не смее да биде помал од 16 илјади денари.

-Од овие причини апелираме минималецот да се зголеми во висина од 60 проценти од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16. 976 денари. Дополнително потсетуваме дека зголемувањето на минималецот треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности и потсетуваме дека не е законски работодавачи да исплаќаат минимална плата, доколку работникот има минат труд, работи прекувремено, за празници или во смени, изјави Дарко Димовски претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Димовски вели дека ова прашање било отворено и на економско- социјалниот совет. Дебатата ќе продолжи и следната недела поради тоа што ССМ има сериозни забелешки околу начинот на пресметка и усогласувањето на минималната плата.

Минатата недела властите  посочија дека  со зголемувањето на минималецот, месецов тој ќе изнесува 15, 400 денари. Зголемувањето се должи на усогласувањето и порастот на просечната плата како и порастот на трошоците.

Според последните податоци на ССМ потрошувачката кошница за месец февруари изнесува 33. 702 денари. Ова покажува дека на едно четири члено семејство со две минималнни плати му недотасувале повеќе од 50-тина евра за да ги покрие основните трошоци за живот.

На едно домаќинство во месецот му се потребни:

За храна и пијалоци 14 .078  денари,

За домување 10.825 денари,

За хигиена 2.371 денар

За превоз 2.498 денари

За облека и обувки 2.131 денари

Култура  1.067 денари

За одржување на здравје 728 денари

Според податоците на ССМ околу 100 илјади работници во земјава  работат за минимална плата.