ССНМ, ЗНМ и СЕММ се приклучуваат кон ставот на Европската Федерација на новинари во однос на руските медиуми
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Совет за етика во медиумите на Македонија/The Council of Media Ethics и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ се приклучуваат кон ставот на Европската федерација на новинари European Federation of Journalists – EFJ дека затворање на руски медиуми или препорака за прекин на нивно емитување може да биде контрапродуктивно и дека не е вистински начин за борба против дезинформациите и пропагандата.
Како што наведе генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез Ricardo Gutiérrez „затворањето на еден медиум не ни се чини како најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда“.
„Овој чин на цензура може да има целосно контрапродуктивен ефект кај оние кои ги следат овие медиуми. Подобро е според нас да се спречи дезинформацијата на пропагандистичките медиуми преку изложување на нивните погрешни факти или лошиот квалитет на нивното новинарство, преку докажување на отсуството на нивната финансиска и оперативна независност, преку укажување дека се во служба на владините интереси и дека го презираат јавниот интерес“, додава Европската федерација на новинари.
Извор: Фејсбук страна на ССНМ

