„Станувам керамичар“: Програмер ги баталил кодовите и станал занаетчија
После пет години работење во ИТ секторот, еден програмер започнал да размислува да ја смени работата, но и кариерата, па побарал совет од корисниците на платфромата Редит. Навел дека се смета за просечен девелопер кој е способен да ја разбере и заврши работата со просечна брзина.
Од една страна сум задоволен што имам канцелариска работа која е солидно платена и не се мачам по биртиите/рестораните или не се досадувам по државните фирми. Имате ли совет во врска со промената на кариерата? Дали е ова лош потег или можеби добар, со оглед на тоа дека ние, просечните девелопери, остануваме без работа за 10 години, напишал во објавата.
Додал оти верува дека може да работи нешто подобро, нешто со рацете или да отвори некој свој бизнис. Дошол до идеја на луѓето да им поставува паметни системи и мисли дека брзо ги научил основите. На крај пишува дека се’ уште не се пронашол во животот, а има 31 година, па заклучил дека веќе му е време.
„Започнувам со керамика“
Можеби сум будала, но навистина сметам дека секој програмер треба еден месец да работи во градежништво, во некој магацин или на каса во супермаркет. Па откако ќе добие кикирики плата, ќе го скрши ’рбетот или ќе го загуби психичкиот мир поради расправање со будали, верувам дека повеќе ќе знае да ја цени својата струка, платата и она што го има, стои во првиот коментар.
Му дале совет да започне да работи на свој проект и на тој начин да го реши проблемот со рутината на работа. Одговорил програмерот кој рекол дека ја обожава својата професија, но е свесен дека работи само за плата, поради што му опаѓа ентузијазмот и инженерскиот жар, бидејќи нема простор да биде креативен. Во слободно време се посветува на својот проект и едвај чека да дојде викенд, за да може да „удира код“.
„После 17 години програмирање без проблем преминувам на керамика“
После 17 години програмирање без проблем преминувам на керамика. Буквално низ сите овие години започнав да заборавам работи, како во главата да имам некој диск кој го брише старото искуство. Проблемот ми е што не можам повеќе да го издржам притисокот од лажниот менаџмент. Убија во мене се’ што сакав од ИТ. Сменив неколку фирми, но секојпат е исто. Керамиката е нешто што всушност можеш да видиш дека си го направил, подобро е платено и веќе имам неколку алати, па можам да работам преку викенд. Во последните 3 месеци, секој месец, во петоците попладне и саботите, како керамичар ја заработив својата плата во ИТ, која изнесува 3,500 евра. Едноставно не се гледам себеси на 60 години да кодирам „тупо глупаво“ и помладите менаџери да ме мачат, стоело во еден од коментарите.
Извор: Telegraf Biznis/Dnevnik
Фото: Canva
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025