Стипендии и вработување во Макстил ќе добијат идните студенти на Технолошко-металуршки факултет
Време за читање помалку од минута
Компанијата Макстил доделува стипендии за студирање на Технолошко-металуршки факултет во академската 2022/23 година. Стипендиите се однесуваат на додипломските студии, го покриваат целото школување во траење од 4 години и се наменети за студентите кои ќе се запишат на насоката за Металургија, дизајн и менаџмент. Подетални информации околу студиите може да се добијат на линкот.
Стипендиите, во вкупна вредност од 115.000 денари по студент годишно, ќе се примаат во текот на академската година во траење од 10 месеци по 10.000 денари месечно и еднократно по 15.000 денари за почеток на секоја учебна година.
Освен стипендирањето, студентите – корисници на стипендија добиваат пракса во Макстил, а потоа и вработување во компанијата.
Повеќе на Пари
Latest posts by Редакција (see all)
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025