Стотици илјади гладуваат, додека функционерите со 300 денари јадат три оброци дневно
- Вештачката интелигенција и иднината на работните места: Меч со две острици - 18/09/2024
- Овој град дава 900 евра за да се преселите во него - 16/09/2024
- Да ги задржиме оние кои ни останаа! - 14/09/2024
Мини колумна на Бобан М. Илијевски
300 денари. Толку пари се потребни за три оброци дневно во бифето во Владата. 300 денари за функционери кои земаат плата од 160,000 денари.
Човече, мешана салата чини само 30 денари. Багатела!
Обичниот народ со минимална плата од 20,175 и средна од околу 25,000 денари, не може со 500 денари да купи намирници за два оброци, а камо ли за три. Што кажува ова? Работите во оваа држава се поставени на тој начин само функционерите да живеат полн живот, а останатите да преживуваат.
И овие во Собранието не се ништо поарни. И тие јадат три оброци за “ич пари”, а земаат огромни плати.
И после сето ова, испаѓа дека во Македонија повеќе од пристојно можат да живеат само премиери, вицепремиери, министри и пратеници. Другите треба да работат по три работи за да можат да живеат пристојно. Мораат да го жртвуваат својот приватен живот, делот од времето кое треба да го посветат на своите најблиски, да заработат доволно пари за да го поминат месецот.
П.С. 700,000 луѓе немаат што да јадат во државава.