Стотици мажи и жени од Македонија печалат за живот во фабриките за риба во далечната Алјаска
За стотици македонски граѓани ниту лани, ниту оваа година нема економска криза. Хаосот што го предизвика пандемијата тие го надмудрија со храбра одлука да заминат на работа далеку од дома, во Алјаска.
За фабриките за преработка на риба на Алјаска, бидејќи се во секторот храна, немаше застој ниту кога поради пандемијата речиси сите земји воведоа строги заштитни мерки, кои ги покосија економиите. Тие фабрики, всушност, лани беа единствената шанса за работа во странство за нашите граѓани кои тука го изгубија работното место, добиваа намалени плати или останаа без приходи, но и за оние кои сакаат за кратко време да направат поголема заштеда.
Повеќе на Вечер прес

