НовостиСветСветот на работникот

Странците во Велика Британија аплицираат за многу необични занимања

   Време за читање 1 минута

Диџеј, шетач на кучиња и инструктор за пилатес се меѓу занимањата на кои странските работници можат да аплицираат за работни визи во Велика Британија, покажало истражувањето на експертите од Оксфорд.

Овие занимања спаѓаат во категоријата „средно квалификувани” и се на листата за визи, кои Министерството за внатрешни работи на Велика Британија ги изработило со цел да се намали миграцијата, пишува Гардијан.

Анализата на податоците на Министерството за внатрешни работи покажува дека за занимањата во областа на грижа за животни, како грумери и шетачи на кучиња се издадени 334 визи во последните три години.

Во исто време, 167 визи добиле инструктори за пилатес, како и лајфстајл тренери.

На листата се наоѓаат и необични занимања, како костумирани водичи во музеи и менаџери на гробишта.

Владата на Велика Британија најавила понатамошни промени во врска со работните визи со цел намалување на миграцијата, но и за привлекување на висококвалификувани работници во областите како што е вештачката интелигенција.

Извор: b92.net

Фото: Shutterstock/Tint Media