- Advertisement -
ЗанимливостиСветот на работникот

Студентите во Британија ќе добијат вирутелна пракса за да ги зголемат шансите за вработување

Студентите во Британија - Работник
134views

Студентите во Велика Британија ќе добијат покани за виртуелна пракса ова лето, по забележаното опаѓање на довербата помеѓу младите луѓе поради кризата која ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Тридневните практични искуства во сфери како технологијата, трговското право и инвестициско банкарство ќе имаат цел на студентите да им овозможат да стекнат вештини и да ги зголемат шансите за вработување, рекла организацијата која ја спроведува виртуелната пракса.

Advertisement

Големите компании како Гугл, Марк и Спенсер, PwC и Водофон ќе бидат дел од, како што од Брајт Нетворк, го опишаа, најголемото виртуелно и кариерно искуство во Велика Британија.

Анкетата на организацијата направена во април, покажала дека речиси две третини од дипломираните студенти ги паузирале или ги повлекле апликациите за работа поради пандемијата, а бројот на дипломираните студените кои имале доверба дека ќе најдат работа паднал на околу една третина.

Advertisement

Не постои граница на бројот на луѓе кои ќе имаат бенефиции од оваа уникатна иницијатива. Од организацијата рекоа дека сите се добредојдени да учестуваат.

Фото: Pixbay

 

Advertisement