НовостиПравда

СТУДЕНТСКИ ОТПОР НАЈАВУВА МАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ, ПРОТЕСТИТЕ НЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ КАКО ОПЦИЈА

   Време за читање 1 минута

ФБ линк: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02Ch61fvYAaxgJDgAJB13njGZmwW6KDkC85o6rPUMd9rHuAA2RRZxLAXbx9jVFA5XJl&id=100087870064443&mibextid=Nif5oz

Како и секоја академска година, така и оваа 2023/24 студентите повторно се соочуваат со истите проблеми од претходните години.

Имено, годинава, месечната кирија во студентските домови се зголеми на 3945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.

Еден од најголемите скандали пред почетокот на академската година е тоа што на студентите во студентските домови им е УКИНАТ и појадокот. Наместо да добијат зголемување на сумата на ССО, МОН им скратува појадок и им ја зголемува киријата за 30%.

Исто така, во однос на Субвенционираниот Студентски Оброк на само две недели пред почетокот на новата академска година се уште немаме информација на кои места и во кои угостителски објекти ќе можат да се користат наменетите средства за ССО.

Студентски отпор бурно ги следи проблемите и најавува масовна мобилизација на сите студенти и жестока реакција за студентските проблеми кои секоја година се полоши и полоши. Протести и демонстрации се една од опциите!

IMG 20230916 171224 444 1