НовостиПравда

Студентски отпор со поддршка за протестите на студентите од правен факултет

   Време за читање помалку од минута

Студентски отпор како организација која се залага за подобрување на студентскиот стандарт и актуелизирање на сите студентски проблеми, овој пат застанува со поддршка за студентите од правен факултет кои спонтано се самоорганизираат да протестираат по повод измените во кривичниот законик.

Ја поздравуваме секоја иницијатива, активизам и борба на сите студенти во било која форма, затоа што само со масовен отпор на сите фронтови за сите проблеми, можеме да се избориме за подобрување на студентскиот стандарт и студентите воопшто.

Студентски отпор го поддржува протестот на студентите кој ќе се одржи денес пред Влада на Р.Македонија во 18:00 часот.

Ако не сега, кога?
Ако не ние, кој?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *