НовостиСветот на работникот

СТУДИЈА НА ХАРВАРД: ЛУЃЕТО КОИ РАБОТАТ НА ВАКВИ РАБОТНИ МЕСТА СЕ НАЈНЕСРЕЌНИ

   Време за читање 4 минути

Според 85-годишната студија на истражувачите од Харвард, најнесреќните работни места се и едни од најосамните. Додека кај одредени работни позиции не може со сигурност да се утврди поврзаност со незадоволството и согорувањето, поединечните карактеристики можат. Ова за CNBC Make IT го рекол Роберт Валдинџер, професор по психијатрија на медицинската школа при Харвард. Тој воедно е и директор на харвардската студија за развој на возрасни, една од најдолготрајните студии за среќата.

Истражувањето покажало дека работните места кои бараат мала човечка интеракција и не нудат можност за градење на односи меѓу соработниците имаат најнесреќни вработени.

Од 1938, истражувачите од Харвард собрале здравствени картони од повеќе од 700 учесници ширум светот. Потоа, започнале да им поставуваат прашања за нивниот живот на секои две години.

Тајната за посреќен, поздрав и подолг живот, заклучиле, не е во парите, професионалните успеси, вежбањето или здравата храна – туку позитивните односи се она што ги прават среќни. Ова важи и за работните места.

„Тоа е критична социјална потреба која треба да ги задоволи сите аспекти од нашиот живот. Освен тоа, ако сте повеќе поврзани со луѓето, се чувствувате задоволни од својата работа и подобро работите“, објаснил Валдинџер. 

Осаменост на работното место

Некои од најизолираните работни места вклучуваат повеќе работа без меѓучовечки односи или бараат ноќни смени, како што се возењето на камион и ноќното обезбедување.

Осамените работни места се вообичаени во индустриите кои се развиваат, предводени од технологијата, вклучувајќи ги тука и услугите на доставување на пакети и храна, каде луѓето воопшто немаат соработници или во малопродажбата, каде работата е „толку брза и жестока“, што вработените работат во иста смена во магацинот, а можеби не си ги знаат имињата, истанал Валдинџер.

Меѓутоа, осаменоста не ги погодува само нив. Дури и луѓето кои работат на посоцијализирани работни места, можат да се чувствуваат изолирано ако немаат позитивни и значајни интеракции со другите.

Валиднџер навел работни места како одличен пример. „Знаеме дека луѓето во кол центрите се често под голем стрес поради работата, најмногу затоа што по цел ден се на телефон со фрустрирани и нетрпеливи луѓе“.

Исто така, чувството на неповрзаност со другите на работното место е здравствен проблем. Неодамнешните студии покажале дека, како што старееме, осаменоста може да го зголеми ризикот на смртност колку и пушењето, гојазноста и физичката неактивност.

Дружењето е добро за вашата кариера и менталното здравје

Создавањето на мали можности за социјална поврзаност на работното место може да биде регенеративно и да помогне во ублажувањето на чувството на осаменост и незадоволство, откриле истражувачите.

На пример, можете пет минути да се дружите со колегата или да пронајдете луѓе со слични интереси, со кои би можеле да поминете некое време после стресната смена.

Максимизирањето на вашата среќа на работното место зависи и од очекувањата на вашиот менаџер.

„Ако работите во тимови, полесно е да изградите позитивни односи со вашите соработници. Но, ако од вас се очекува постојано да работите сами или да се натпреварувате со другите, тоа е друга приказна“, рекол Валидинџер. 

Ако вработените разговараат и се смеат на работното место, некои менаџери ќе претпоставата дека „не работат и дека нивната продуктивност најверојатно пати, забележале Валидинџер и неговиот колега д-р Марк Шулц, помошник директор на харвардската студија за развој на возрасни, во нивната книга „Добар живот“.

Всушност е спротивно – извештајот на Галуп од 2022 година покажува дека луѓето кои имаат најдобри пријатели на работа се попродуктивни и поангажирани од оние кои немаат.

При процесот на барање на работа, најважни ни се платата и здравственото осигурување, но Валидинџер и Шулц тврдат дека работните односи се уште една „работна корист“ на која треба да обрнеме поголемо внимание.

„Позитивните односи на работа доведуваат до пониско ниво на стрес, поздрав работник и помалку денови кога се враќаме дома вознемирени. Тие, едноставно, не прават посреќни“, констатирале Валидинџер и Шулц. 

(BizLIFE)

Фото: Shutterstock

 

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.