- Advertisement -
НовостиПравда

Тинејџер го пријавил својот татко во полиција поради тоа што му наложил да ги изврши домашните работи

Тинејџер го пријавил својот татко - Работник
597views

Кинеските медиуми неодамна известиле за случајот на 14 годишното момче кое ја шокирало полицијата, обвинувајќи го својот татко за „илегален детски труд“, бидејќи било принудено да извршува домашни работи.

Бизарниот инцидент наводно се случил оваа недела во кинеската провинција Анхуи.

Имено, на таткото му дошло преку глава што синот константно го поминувал своето време на телефонот и ги занемарувал училиштето и домашните задачи, по што побарал од него да го остави телефонот и да ги заврши домашните работи.

Бесен на таткото, тинејџерот се искрал од дома кога неговиот татко не обраќал внимание и отишол право во полициска станица и го обвинил својот татко за „нелегален детски труд“.

Дежурните полицајци не разбрале што се случува кога 14 годишниот ги изнел своите обвиненија, па го испратиле дома за да подобро ја разберат ситуацијата. Кога полицаецот на таткото на детето му објаснил за што го обвинил синот, таткото ја раскажал својата страна од приказната.

Според кинескиот закон, домашните работи не претставуваат илегален детски труд, па родителот бил ослободен од обвинението. Меѓутоа, полицаецот се обидел да дознае како детето може да го пријави својот татко поради нешто што може неговиот татко да го стави зад решетки.

Откако од тинејџерот не добил одговор, полицаецот го советувал неговиот татко да го дисциплинира, како и дека одземањето на паметниот телефон на некое време изгледа како добра идеја. На тоа детето одговорило: „Дали навистина мислите дека го имам само тој мобилен телефон? Наивни сте!“

Бизарната ситуација станала вирална на кинеските социјални мрежи, а луѓето ги советувале неговите родители сериозно да разговараат со детето пред да биде предоцна.

Извор: Bizlife

Фото: Pixbay