ЕкономијаНовости

ТРЕБА ЛИ И МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ЗАГРИЖЕНА? Како ќе влијае германската рецесија за земјите од Западен Балкан?

   Време за читање 1 минута

На краток рок, рецесијата не треба да ја наруши економската соработка на Германија со Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора. Ќе има проблеми,доколку рецесијата потрае, покажува анализата на Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа (ИПЕСЕ).

Иако се смета за „техничка“, рецесијата на германската економија ги натера земјите од Западен Балкан сериозно да размислуваат и им задава сериозни грижи. Има многу причини затоа што Германија е економскиот мотор и клучен партнер на земјите од Западен Балкан , некои помалку, а некои многу повеќе. Прашањето на сите прашања е како кризата во Германија ќе се одрази на економската соработка на земјите од регионот на Западен Балкан со Германија. Дали е време за аларм? И дали Германија ќе ги повлече Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора во закрепнување или во рецесија?