- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Три министерства повторно вработуваат…

Општина Дојран вработува - Работник
211views

Министерствата за финансии, за труд и социјална политика, како и тоа за економија изминатат недела објавија огласи за десетици нови вработување. Додека се бара решение за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и префрлување на вработени во приватниот сектор, или нивно задолжително пензионирање, новите вработувања не запираат. Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции.

Министерството за труд и социјална политика во петокот објави оглас за вработување на 10 позиции, од кои шест се за советници – за јавни набавки, за веб-администрирање, за меѓународни прописи и за нормативни работи, за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и за брак и семејство, а платата е 26.540 денари. За останатите четири места платите се помали а станува збор за благајник, референт, архивар и помлад соработник за административно-техничка поддршка.

Повеќе на Фактор.мк