НовостиСветот на работникот

Три работи кои треба да ги избегнувате кога барате работа: Многу сериозно ги загрозуваат вашите шанси

   Време за читање 4 минути

Според истражувањето кое е спроведено во јануари 2024 година од страна на веб платформата за вработување Monster, поголемиот дел од луѓето – 95 %, имаат намера да бараат нова работа оваа година. Многу од нив очекуваат дека тоа ќе биде голем предизвик. Повеќе од половина од испитаниците – 68 %, сметаат дека ќе биде тешко да се најде нова работа со оглед на состојбите на економијата.

Иако потрагата по нова работа може да биде голем предизвик, постојат начини и обрасци на однесување кои овој процес можат да го направат уште потежок, пренесува CNBC.

„Постои нешто што се нарекува однесување кое изискува валидација, познато и како очај“, вели Линдзи Мастеин, поранешен регрутер во компанијата Амазон и сегашна извршна директорка на компании за советување за кариера. Додала дека токму енергијата „одберете ме мене“ е она што всушност ги одбива шансите за работа.

Еве како да се избегнат овие грешки.

Немојте да аплицирате во истата компанија повторно и повторно

Прво, избегнувајте аплицирање на работни места во истата компанија повторно и повторно, особено во краток временски период.

Мастеин вели дека ако видат дека сте аплицирале 20 пати во последните две години, а никогаш не ве вработиле, тоа е црвено знаменце. Регрутерот веднаш помислува дека нешто не е во ред со кандидатот ако досега не е вработен.

Без оглед на тоа колку и да ѝ одговарате на таа позиција, регрутерот веројатно нема да вложи време во понатамошно истражување на вашето резиме.

„Ова е една од причините поради кои можете да завршите на црната листа. Обидете се да ги ограничите вашите апликации на максимално пет улоги кои тесно се поврзани со вашиот профил во компанијата“, вели таа.

Немојте да ја користите ознаката „отворен за работа“ на LinkedIn

Уште едно црвено знаменце за регрутерите е и ознаката „отворен за работа“ на LinkedIn. Оваа ознака не е реткост на оваа платформа и се чини како логичен чекор во процесот на барање нова работа. Меѓутоа, изгледа дека регрутерите мислат поинаку.

Со самото ставање на овие ознаки на страната, веќе знаеме дека нешто ви треба. Тоа значи дека можеби не сте толку пребирливи кога се во прашање приликите за работа, дека можеби не ја развивате кариерата на примерен начин кој може да ви помогне да изградите вештини и напредувате, вели Мастеин.

„Не оставате впечаток на висококвалитетен кандидат. Освен тоа, ја менува и динамиката во разговорот со менаџерот за вработување. Бидејќи ве сакаат во тимот, не ве уверуваат во деловната прилика. Наместо тоа, вие се обидувате да ги уверите нив да ве земат предвид“, рекла таа.

Поранешниот регрутер во компанијата Гугл, Нолан Чрч, се согласува и додава дека според неговото мислење користењето на овие ознаки всушност покажува очај.

Немојте да делувате „многу повредени“ на социјалните мрежи

Кончено, ако сте невработени, немојте да го објавувате тоа на социјалните мрежи, особено ако тоа го правите бидејќи сте повредени. Мастеин дала и пример на една таква објава.

„Само што добив отказ. Имам две деца дома и навистина ми треба нова работа, веднаш ако е возможно. Би ви била многу благодарна доколку можете да ме запознаете со некое лице кое го познавате, а има отворена позиција.“

„Иако ова е тажно и предизвикува сочувство, луѓето кои објавуваат такви статуси се прикажуваат како многу повредени, „крварат“ на социјалните мрежи“, вели Мастеин. На крајот на краиштата, покажуваат слабост на сличен начин како и луѓето кои ја ставаат ознаката „отворен за работа“ на своите LinkedIn профили.

„Наместо тоа, ако сте добиле отказ и сакате да му сигнализирате на светот дека барате нова прилика за работа, обидете се да ја претставите ситуацијата како нов почеток или прилика за раст и споделете конкретен пример од вашите минати придонеси и успеси. Исто така, можете да го споделите она што сте го научиле и како вашите искуства ве опремиле за идните предизвици. Сето тоа покажува дека сте приспособливи и проактивни кон потенцијалните работодавачи, вели таа.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *