- Advertisement -
Правда

Уапсени 10 лица за непочитување на полицискиот час

Уапсени 10 лица - Работник
150views

Десет лица се уапсени, а над 70 се опоменати поради непоседување соодветна дозвола за време на полицискиот час, пишува А1он.

Против пет лица од Тетово и две од Гостивар ќе бидат поднесени пријави поради тоа што не само што не постапиле како што им било наредено од полицајците туку и агресивно се однесувале кон нив.

Во Куманово кај тројца граѓани кои биле затекнати низ улиците е пронајдено и оружје.

Во текот на денот  се очекуваат официјални информации и бројки од МВР.

Извор: Сител