- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Угостителите бараат да организираат свадби со изготвени здравствени протоколи

Се остранува лимитот - Работник
307views

Во 15 часот пред Владата угостителите и индустријата за организирање на свадби денеска повторно излегоа на протест. Тие бараат Комисијата за заразни болести да изготви протоколи по кои ќе работат, во чии објекти се одржуваат свадби и други настани.

На протестот пред Владата тие побараа и вклучување на останатите дејности поврзани со организирање свадбени веселби. Се пожалија дека оваа индустрија една година е затворена и трпи огромни финансиски загуби.

Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.