ЕкономијаМакедонијаПравда

Угостителите бараат укинување на забраната за организирање настани – најавуваат масовен протест

Почнувајќи од 15.03.2020, угостителски објекти за организирани настани, речиси една година немаат протокол за отпочнување својата дејност.

Сопствениците денес одржаа прес-конференција на која истакнаа дека бараат итно укинување на членот  14 од Уредбата излезена во Службен весник на 23.06.2020 со која “се забранува организирање на секаков вид настани ( свадби, крштевки, родендени), во отворен и затворен дел од објектот”.

-Како угостителски објекти, апелираме до Владата, да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона како и претходната. Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, каде што младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без притоа да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско- санитарни услови.  Ние како ресторани кои се категоризирани објекти за организирани настани, располагаме со големи капацитети, имаме соодветна квадратура и можност да спроведеме организиран настан, со што би се запазиле сите веќе усвоени протоколи и според кои веќе функционираат останатите A la carte ресторани со ограничено работно време, истакнаа тие.