- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Уролог од Кумановската болница позитивен на Ковид -19, се тестираат уште 75 здравствени работници

Уролог од Кумановската болница - Работник
260views

Доктор специјалист од Одделението за урологија во Општата болница Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Со тоа, во Кумановската болница досега се заболени 19 здравствени работници, од кои четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари, пренесува „Фокус“.

„Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на коронавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, изјави директорот Алиф Љатифи.

Advertisement

Вкупниот број на заболени во Куманово се искачи на 128 заболени и 7 починати од коронавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови.

Advertisement
Advertisement