За да бидете поуспешни во вашата работа треба да примените само едно правило
Подготвил: Бобан Илијевски
Италијанскиот економист Вилфредо Парето кој во доцните години од 19 век прв го воочил правилото кое го носи неговото име, го проучувал распределувањето на приходите и открил дека 80 % од богатството во Италија е во сопственост на 20 % од населението. Од тогаш, ова откритие е пресликано во многу други земји и довело до понатамошни истражувања за недеднаквоста на приходите.
Принципот на Парето е проучуван и применуван во разни подрачја и контексти, вклучувајќи ги економијата, бизнисот, општествените науки и здравството.
Опишано преку пример, правилото изгледа вака:
Продажба – Околу 80 % од приходите на фирмите често доаѓаат од 20 % од нејзините купувачи. Преку препознавање и фокусирање на клучните купувачи, фирмата може да ја зголеми продажбата и профитабилноста.
Продуктивност – Нечии 80 % од резултатот произлегуваат од 20 % вложен труд. Препознавањето и фокусирањето на најважните задачи, на вработените може да им помогне да ја зголемат својата продуктивност и да постигнат подобри резултати.
Контрола на квалитет – Околу 80 % од проблемите со квалитетот на фирмите често доаѓа од 20 % од нејзините процеси или производи. Преку препознавање и фокусирање на решавањето на овие проблематични подрачја, фирмата може да го подобри својот квалитет.
Управување со залихи – Околу 80 % од продажбата често доаѓа од 20 % од залихите. Фокусирајќи се на овие најпродавани артикли, фирмата може да ги оптимизира своите залихи и да го намали нивното натрупување.
Управување со проекти – Околу 80 % од работата најчесто ја обавуваат 20 % од учесниците. Преку препознавање на клучните работници во проектот можно е да се максимизира учинокот во проектите.
Правилото е применливо и во приватниот живот:
Во управување со времето, каде 80 % од времето често се троши на 20 % од активностите. Преку одредување на приоритетите на овие важни активности, поединците можат поефикасно да управуваат со своето време и да постигнат повеќе во пократок временски период.
Во личниот живот тоа може да значи дека 80 % од вашата среќа доаѓа од 20 % од вашите дневени активности.
Во грижата за здравјето значи дека 80 % од резултатите од вежбањето доаѓаат од најефикасните вежби, а 80 % од товарот од кардиоваскуларните болести често доаѓаат од само 20 % ризични причинители, како што се пушењето, високиот крвен пристисок и холестеролот.
Правилото на Парето може на фирмите да им помогне да ги идентификуваат најважните подрачја на кои треба да се фокусираат, за да постигнат најголем ефект и да ги подбрат своите перформанси.
Правилото е докажано, потребно е само да го примените во секојдневниот живот и работа.
Извор: Poduzetnik.biz