Вести

Зошто е важна ефективната комуникација на работа?

Комуникациските вештини се важен аспект на успехот во речиси секоја работна индустрија. Ефективните комуникациски вештини градат јасно разбирање помеѓу вас и вашите колеги. Користењето на овие вештини ја подобрува вашата способност да пренесувате идеи и емоции, да ги слушате другите, соодветно да реагирате и да собирате информации околу вас. Слушањето може да ви донесе поголем успех во кариерата и задоволството на работното место.

Ова се неколку совети што треба да ги земете во предвид за да ги подобрите вашите комуникациски вештини на работното место и да станете што е можно поуспешни.

Слушајте со разбирање.
Кога разговарате со друг или пак за време на презентација, не заборавајте да  му посветите внимание на лицето што зборува. Отфрлете го секое одвлекување на вниманието, исклучете ги телефоните и исклучете ги известувањата од социјалните мрежи. Фокусирајте се на тоа да бидете во моментот психички тука и користете го говорот на тело како показател на вашиот интерес за она што другиот го зборува. Свртете го телото кон поединецот кој зборува, седнете или застанете право за да покажете заинтересираност. Користењето на овие вештини за слушање на работното место покажува дека ги почитувате идеите на другите.

Бидете свесни за луѓето околу вас додека зборувате.
Комуникацијата е постојано давање и преземање на информации. Дури и кога не зборувате, начинот на кој се однесувате испраќа знаци до другите. На работното место, голем дел од вашата комуникација е формална и треба да содржи јазик кој е почитуван и конструктивен за комуникација и одржување на професионализмот.

Изразете емпатија

Повеќето луѓе ќе бидат поспремни да комуницираат и да ве слушат ако знаат дека и вие ги слушате нив кога е потребно. Способноста да се разберат туѓите чувства или со нивно потврдување и повторување или со давање невербални знаци како што се климање со главата и насмевка, открива емоционална интелигенција.

Пробајте да ги користете сите овие совети одеднаш. Или пак само неколку во исто време додека не станат вообичаени, постепено ќе ги подобрите вашите комуникациски вештини додека не станат најдобри што можат. Кога ќе станете подобар слушател и комуникатор, другите околу вас ќе ги забележат вашите напори и ќе го следат примерот.
 

Извор: Кариера