Државата може да остане без пиротехничари
Државата може да остане без пиротехничари.Моментално 7 лица кои за три години заминуваат во пензија отстрануваат убојни средства на целата територија .Во изминатите 16 години не бил вработен ниту еден пиротехничар интерес нема бидејќи не биле регулирани ниту елементарните услови за работа вели раководителот на пиротехничари во ДЗС Митров .И покрај тоа што оваа професија е на врвот според опасноста,оставени биле без бенефициран стаж.
Човечките ресурси и набавката на современа опрема се едни од клучните фактори за оваа професија сметаат добрите познавачи.
Во Македонија просечно се пронаоѓаат неексплодирани средства секој ден. Пиротехничарите се надеваат дека проблемите ќе бидат надминати со измените во законот за заштита и спасување.
Извор: Сител

