Останато

Предвидуваат дека во иднина би можеле да работиме до 60 години: Но еве зошто тоа не мора да биде лошо

Луѓето наскоро, во просек, би можеле да живеат 100 години, што веројатно значи и повеќе години поминати на работа. Тоа би можело да биде добро, ако ја искористиме приликата да ја „редизајнираме“ работата. 

Токму за тоа пишува „The Atlantic“, наведувајќи дека идната кариера би можела да подразбира дури 60 години работа. 

Веста, поточно, вака гласеше: „Во Соединетите Држави, демографите предвидуваат дека дури половина од денешните петтогодшници можат да очекуваат дека ќе доживеат 100 години“. 

Но после то, неколку страници подолу, следуваше алармантно предвидување. 

„Во текот на тие 100 години живот, можеме да очекуваме дека ќе работиме 60 или повеќе години“. Во САД, инаку, просечната старосна граница за заминување во пензија е 62 години, покажува анкетата на Галуп. За поголемиот дел од луѓето, 40 години работа е повеќе од доволна, така да идејата за дополнителни 20 години е загрижувачка.

Но ако 60 годишна кариера звучи како ноќен кошмар, можеби тоа е затоа што тие 60 години ги замислуваме во однос на тоа како е денес: нефлексибилно, сеопфатно, лошо усогласено со ритамите на животот. 

До душа, пандемијата донекаде ја променила „суровата“ работна политика во многу компании, но тоа се чини дека е недоволно. Од друга страна, нагласила некои дополнителни промени. 

Истражувачот кој го надледувал извештајот мисли дека би требало да почнеме со „лудилото“ на среднте години. Директорката на Центарот за дологвечност при Стенфорд, Лара Карстенсен, наведува дека „работиме засилено во текот на годините во кои добиваме деца, додека често се грижиме и за постарите роднини, бидејќи многу луѓе зависат од нас“. 

rad od kuće, mama i dete

Фото: Unsplash

Работните и семејните обврски вообичаено го достигнуваат врвот во средината на возрасните години, што може да биде навистина стресно, особено за жените кои сносуваат непропорционален товар за грижа на семејството. Карстенсен, поради тоа, предлага на работниците да им се овозможи да ги зголемуваат или намалуваат работните часови во текот на кариерата, на основа на своите обврски вон работата. 

Таа замислува ситуацијата во која двајца родители се во можност привремено да го намалат обемот на својата рабта, на полно работно време, на 20 часа неделно, тогаш кога се грижат за своите деца, а потоа да ги зголемат работните часови. 

Според овој модел, луѓето вкупно би работеле колку и сега, а периодите во кои ќе работат на скратено работно време би ги надомесувале со периоди на долги часови и/или распоредувајќи ја работата на повеќе години од својот (подолг) живот. 

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Freepik