НовостиПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Празнична работа

   Време за читање 2 минути
Тема: Празнична работа
Неделата што измина пројде во духот на празниците. Согласно Законот за празниците на Република Македонија како државни празници се сметаат 1 Јануари, Нова година, како и Божик, односно првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар, додека пак за верниците од православната вероисповед како неработен се смета и Бадник, денот
пред Божик. Работниците согласно тоа имаат слободен ден со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, коишто се определени како слободни денови од работа и за
другите со закон определени слободни денови. Но, во одредени случаи поради природата на работниот процес, каде е потребно тој да се одвива непрекинато, ова право може да биде ограничено и дел од вработените се приморани да работат и за време на државните празници. Работодавачот има обврска за секое вакво воведување на работа на државен празник претходно писмено за истото да го извести подрачниот државен инспектор на трудот.
ПРАВИЛНО е да се смета дека природата на работата за време на празник е поинаква од онаа за останатите видови на работни часови и додатоци на плата, па работните часови
поминати за време на празник не може да бидат распределени како слободни денови, ниту пак како денови каде работникот ќе работи со скратено работно време.
ПОГРЕШНО е да се смета дека за работа на празник е доволно работодавачите да ја исплатат вообичаената дневница, отсуството од работа поради празник претставува платено отсуство па поради тоа, во случај кога работникот работи за време на празник, дневницата за таквото работење е поголема и истата влегува во додатоците на плата кои му следуваат на работникот според законот. Работниците имаат право на надомест на плата за тие денови кога не работат, како и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, кој им е предвиден согласно Општиот колективен договор.
Проф. д-р Лазар Јовевски