Утре средба на Синдикатот „Солидарност“ со раководството на УЈП и новиот помирувач Илија Манасиев
Синдикалната организација „Солидарност“ во Управата за јавни приходи информира дека утре ќе се одржи првата работна средба со работодавачот УЈП и новиот помирувач Илија Манасиев во врска со зголемување на платите.
-Согласно законската регулатива, процесот на помирување помеѓу синдикалната организација „Солидарност” и Управата за јавни приходи како работодавач, заедно со помирувачот отпочнува со првата работна средба, која ќе се одржи утре во просториите на Управата за јавни приходи-Генерална дирекција, се вели во соопштението на „Солидарност“.
Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство.
Вработените во УЈП бараат зголемување на платите за 30 проценти, а доколку не биде постигнат договор, најавија генерален штрајк. Во меѓувреме, секој ден одржуваат двочасовни протести.
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025