МакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

Утре штрајк во Фондот за здравство: Ако им се покачи платата, тоа ќе биде од парите за лекови во болниците

   Време за читање 1 минута

Утре вработените во Фондот за здравство стапуваат во штрајк поради намалените плати и ќе ги работат само итните случаи за малолетници, за лекување во странство или за хоспитализирани пациенти.

Нема да може да се поднесат документи за исплата на боледувањата и на породилните отсуства, медицинските помагала, платите на сите вработени во јавниот сектори како и капитацијата на матичните лекари.

Синдикатот тврди дека вработените во ФЗОМ имаат најниска плата од сите институции, министерства и администрацијата во здравствениот сектор. Една четвртина од вработените земаат плата пониска од минималната, а друга четвртина минимална плата.

Министерството за финансии велидека само минатата година платите во ФЗО скокнале за 25 проценти и дека вработените во Фондот имаат поголеми плати од вработените во министерствата. Годинава нема пари за да им се покачат платите пак.

Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на Управниот Одбор на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, велат од Владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *