ПравдаСветот на работникот

Уште една штипска конфекција на радарот на ДИТ по барање на „Гласен Текстилец“

Фејсбук статус на „Гласен Текстилец“:
 
🔴По барање на „Гласен Текстилец” беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИТ на ДПТУ ДОМА ТЕКС ЕАК ДООЕЛ-Штип по претходно добиени поплаки од страна на работниците дека им се прекршени права од работен однос.
❌По извршениот инспекциски надзор од страна на ДИТ се констатирани неправилности и недостатоци при работењето кај работодавачот од кое е утврдено дека работодавачот не исплатил бруто плата за месеците август и септември 2021 и не и се исплатени придонеси од плата за вработените, а исто така се пронајдени и непријавени работници без договори за вработување и не се пријавени во задолжително социјално здравствено осигурување за кое е донесено решение за непријавени лица по чл.259 од ЗРО.
📣Донесено е решение со изречена инспекциска мерка и со задолжување на оттстранување на неправилностите во даден законски рок.
⛔Имено, сакаме да ја информираме јавноста работниците при засновање на работен однос се должни да потпишат договори за вработување и примерок од истиот му се дава на работникот. Доколку не се склучи договор за вработување и работникот не е уредно пријавен при надлежните институции, истиот нема соодветно покривање за неговото работење кај соодветниот работодавач и нема можност за наплата за неговата работа и вложениот труд. Шансите за наплата преку Државниот инспекторат за труд и соодветна судска постапка се минимални, бидејќи недостатокот од договор за вработување е главна пречка за докажување дека работникот има извршувано работни задачи и за тоа да биде соодветно исплатен.
✅Ова е уште една ефикасна и успешна соработка со ДИТ и со ова ги охрабруваме работниците/чките да продолжат да пријавуваат неправилности и незаконитости во работењето од страна на работодавачите.