- Advertisement -
МагазинНовости

Уште 20 дена до 17тиот Виз Ер Скопски Маратон 2021

513views

Скопје, 14.09.2021 – Полека, но сигурно се наближуваме до најспортскиот викенд оваа година. Уште 20 дена не делат од традиционалниот спортски настан, Виз Ер Скопски Маратон, кој годинава ќе се одржи по 17ти пат.

Виз Ер Скопски Маратон 2021, за прв пат оваа година ќе се реализира како дводневен настан, на 2ри и 3ти октомври. Како и секоја година, организаторот ќе ги спроведе веќе познатите трки, со што во сабота, на 2ри октомври ќе се трча трката на 5км, со старт од 17:00 часот, а во недела, на 3ти октомври, ќе се трчаат маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт, со почеток во 8:00 часот.

Подигањето на стартните пакети оваа година ќе биде од 30ти септември до 2ри октомври, во период од 12:00 часот до 19:00 часот, пред главниот влез на салата „Борис Трајковски“. Согласно новите препораки и правила, учесничките над 18 години, при подигнувањето на стартните пакети задолжително ќе мора да покажат сертификат – потврда за извршена имунизација или примена барем една доза вакцина, потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена или потврда за негативен ПЦР КОВИД тест направен во последните 72 часа пред одржување на трката.

Доколку, поради наведените правила, некој од пријавените учесници не може да учествува на Виз Ер Скопски Маратон 2021, истиот ќе може да искористи неколку опции, за искористување на котизацијата:

– учесникот ќе може да си ја префрли котизацијата за следната година, со што ќе го добие целосниот дигитален стартен пакет со сите попусти и ваучери од спонзорите за оваа година;

– учесникот ќе може да си ја префрли котизацијата во виртуелна трка 2021, со што ќе го добие целосниот дигитален стартен пакет со сите попусти и ваучери од спонзорите за оваа година (виртуелната трка ќе може да се трча од 2ри до 15ти октомври).

Промените можат да се извршат со логирање на профилот на учесникот на www.smartrace.club, а крајниот рок е до 21ви септември.

Во текот на целиот настан задолжително ќе биде одржување дистанца од 1,5 метри, носење маска пред и по завршувањето на трката, како и постојана дезинфекција на рацете. Правилата за заштита од корона вирусот се задолжителни при подигањето на стартните патеки, пред стартот на трката и по завршување на трката.

Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот Маратон 2021 трае до утре, 15ти септември и истото може да се направи на официјалната веб страна www.skopskimaraton.com.mk.

Повеќе информации можат да се најдат на:

 http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.