ПравдаСветот на работникот

Фабриката „Гентерм“ во Прилеп се затвора, позитивен и инфектолог од прилепската болница

192views

Еден административен работник во фабриката за автомобилски делови „Гентерм“ во Прилеп е позитивен, поради што од понеделник оваа компанија со околу 1900 рабоници ќе биде времено затворена, соопштија од Општина Прилеп. Работникот бил во близок контакт со лице позитивно.

Во понеделникот беше затворена и една прилепска фабрика за конфекција со околу 200 вработени затоа што позитивна е текстилна работничка.

И Инфективното одделение во прилепската болница останува без лекар, откако еден инфектолог е меѓу позитивните, а другиот е во самоизолација.

Дооплнително ќе се утврдува како ќе функционира ова одделение и дали ќе се ангажира медицински персонал од другите одделнија во болницата. На Инфективното одделение во моментот има тројца пациенти позитивбу и сите се со средна клиничка слика.

Во Прилеп заклучно со вчера има 22 заболени, од нив тројца се здравствени работници, а во самоизлоација засега се 134 лица.

Извор: Скопје24