Светот на работникот

Фејсбук отвора 1,000 нови работни места во Европа

   Време за читање 1 минута

Фејсбук објавил дека отвора илјада нови работни места во Велика Британија оваа година.

„Засилувањата“, помеѓу другото, би требало да бидат ангажирани на развојот на алатката за отстранување на штетни интернет содржини.

Новите работни места ќе бидат отворени непосредно пред отворањето на новата кацеларија во Лондон во 2021 година, а со нив вкупниот број на работници во Фејсбук на островот ќе се зголеми на 4,000.

Главниот град на Велика Британија е најголемо инженерско средиште на Фејсбук вон САД.

Според извештаите, повеќе од половина од новите работни места ќе бидат фокусирани на технологија, вклучувајќи го и програмскиот инженеринг, дизајн на производите и наука за податоците. Новите работници ќе се бават со развој на апликациите Вацап и Воркплејс.

Дел од новите работници би можеле да бидат ангажирани во тимот на Фејсбук „Комјунити интегрити“ кој произведува алатки за откривање и отстранување на штетни содржини на платформите како Месенџер, Инстаграм и Вацап, пренесува Новац.

Проширувањето на тимот временски се поклопило со најстојувањата на Фејсбук да ја врати довербата на корисниците по скандалот со Кембриџ Аналитик.

Компанијата во 2018 година се нашла на удар на критки откако што е откриено дека британската фирма за политичко советување Кембриџ Аналитик добила пристап до податоците на 87 милиони корисници без нивна дозвола.

Во јули таа година американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ) го казнила Фексбук за 5 милијарди долари поради недоволна заштита на корисничките податоци и поради кршење на правно обврззувачката спогодба со американската Влада за заштита на приватноста.