Македонија

Филипче: Со коронавирус заразена директорката на Клиниката за кожни болести, 5 дена одела на работа откако се вратила од Италија

   Време за читање помалку од минута

Се работи за лекарка, директорката на Клиниката за кожни болести и изминатите 5 работни денови одела редовно на работа.

Министерот рече дека се прави проценка за сите кои контактирале со неа овие денови. Можно е одделот да биде целосно затворен.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.

Филипче кажа дека е многу разочарувачко тоа што не се почитуваат препраките за самоизолација од 14 дена по враќање од жариштата како што е северна Италија.

Извор: Либертас