МакедонијаСиндикат

ФИНАНСИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ НА СОНК ЗА 2024 ГОДИНА – ПОКАЗАТЕЛ ЗА НАЈСТАБИЛЕН И НАЈМОЌЕН СИНДИКАТ

   Време за читање 2 минути

Советот на СОНК, на 14 и 15 март 2025 година, ја одржа својата 36-та седница, на која расправаше по точки од дневен ред кои се од особена важност за функционирањето, транспарентноста и иднината на организацијата.

6
5

Една од точките, за која Советот на СОНК дискутираше, беше текот на преговорите помеѓу СОНК и МОН, а во врска со потпишувањето на Колективните договори за основното и средното образование. Општа констатација беше дека преговорите се при крај, а предлог колективните договори во најскоро време треба да бидат на јавна расправа, како би можело членството да даде сопствен придонес за подобрување на договорите.

Исто така, во овој период беа одржани и Надзорни одбори на Советот на СОНК и Синдикалниот фонд на СОНК, кои го разгледаа финансиското работење на Советот и Фондот, при што констатираа дека финансирањето е стабилно, а приходите од синдикалната членарина се во пораст, во рамки на реалното зголемување на платите во дејностите што ги застапува СОНК. Беше истакнато дека и минатата 2024 година, како и годините пред неа, се работело домаќински, средствата се користеле наменски и остварен е позитивен даночен биланс. Радува фактот што продолжува континуитетот на зголемени годишни приходи од членарината, како и видно намалени расходи.

3
2

Извештаите од двата Надзорни одбори беа едногласно усвоени, со взаемен заклучок дека СОНК е најстабилен и најмоќен синдикат, што е добар показател за уште поуспешно остварување на социјални, економски и други права на неговите членови.

1
4

Собранието на Синдикалниот фонд го прифати предлогот на Управниот одбор за зголемување на висината на бескаматниот кредит од 25.000,00 на 30.000,00  денари, а воедно, го прифати и предлогот за зголемување на висината на износот на средства за парична помош по основ на старосна пензија од 5.000,00 денари на 10.000,00 денари.