Колумни

Фонд за сите оние кои треба да се лекуваат во странство

   Време за читање 2 минути

Во текот на изминатиот период имавме шанса да слушнеме многу ветувања од страна на сите политички партии кои претендираат да дојдат на власт. Тие во најголем дел се поврзани со борбата со корупцијата и криминалот, зголемување на економскиот стандард, даночните политики итн. Во периодот до изборите ќе слушнеме уште многу повеќе.

И во ред, сето ова е потребно и треба кампањата да се насочува кон овие сегменти, но што е со оние кои треба да се лекуваат во странство, а собираат донации преку СМС пораки? Зошто никој не ветува дека ќе формира еден Фонд во кој на месечно ниво ќе се вбризгуваат пари кои ќе им бидат дадени токму на оние на кои им е потребно лекување во странство?

Не велам дека има нешто спорно во тоа луѓето да донираат преку СМС пораки, но сметам дека државата треба да преземе обврска и да обезбеди токму еден ваков Фонд. Од каде ќе се обезбедат пари? Јас мислам дека ниеден вработен и пензионер не би имал против од неговите примања да се одвојува некој мал процент кој би се ставал во тој Фонд. Функционерите не ги спомнав, но нема да биде лошо и тие да одвојуваат мал процент од своите огромни плати. Еве, да одвојуваме сите по 150 денари од примањата, тоа ќе бидат над милион денари на месечно ниво, што и тоа како би им биле од голема помош на оние на кои им се потребни пари за лекување.

Не знам, можеби некој нема да се согласи со оваа идеја, но јас и тоа како сметам дека треба да се реализира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *