МакедонијаОстанатоПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) КСС со Кампања: Недела неработен ден за сите!

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС категорично стои зад барањето Недела да биде неработен ден за сите работници. Тоа го посочија и преку новата кампања којашто ја водат преку социјалните мрежи. Тие се залагаат Недела да биде неработен ден и во јавниот и во приватниот сектор.

„Ден за неделен одмор е Недела. Работното време е 40 часа неделно. Секоја работа во Недела треба да се пресметува како прекувремена работа и да се исплаќа дневница зголемена за 50 %“, стои во постерот објавен на фејсбук страната на КСС.

Од КСС велат дека со ова се заштититува работникот бидејќи не може да работи повеќе од 190 часа годишно, односно работниците ќе работат само 24 Недели во годината, додека 30 Недели ќе им бидат слободни и ќе можат да ги поминат заедно со семејството.

Во ек на ваква пандемија и со рецесија од минус 6 %, кога економијата е клекната колена и кога бизнисот прифаќа работата во Недела да се смета за прекувремена и за неа се согласува да исплати 50 %, ова е најдобро и најсоломонско решние во овој момент, велат од КСС. 

Од КСС порачуваат дека секое друго решение, со коешто одредени дејности би работеле во Недела би било диксриминирачко, како и би можело да доведе до поголема загуба на работни места во ек на оваа здравствено – економска криза која прераснува и во социјална криза.