МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) СПМ: Граничните полицајци работат во мизерни услови

334views

Состојбата во дел од граничната полиција е алармантна и крајно сериозна, особено во издвоените објекти на МВР, како што е примерот со ПС за ГН Танушевци – РЦ за ГР Север, каде полициските службеници се принудени да работат во мизерни и здравствено небезбедни работни услови од кои животот и здравјето на вработените е доведено во опасност поради НЕПРЕЗЕМАЊЕ на никакви мерки за заштита од заразната болест “КОВИД 19”.

Наместо раководителите да ги спроведуваат мерките донесени од Владата за да се спречи ширењето на болеста и воедно се запре настанувањето на штетни последици, се повеќе е очигледно дека некој во МВР како намерно да сака да создава кластери.

Поради несовесното постапување и со игнорирањето на проблемите од страна на Министерството се прави непоправлива штета на вработените поради следната моментална актуелна состојба:

Полициските службеници се принудуваат да се превезуваат во едно возило со по 5-6 па и до 7 службеници од Скопје до село Танушевци општина Чучер Сандево и обратно по принуден престој од 48 часа непрекинато, каде во објектот на МВР во просторија за одмор на полицајците е предвидено по 10 тина во заедничка тесна просторија, просторија каде ниту мерки се спроведуваат ниту растојание е предвидено а ниту пак има услови барем за минимална заштита.

Полицајците се принудени да користат душеци стари повеќе од 30 години и постелнина односно ќебиња и перници НЕПЕРЕНИ и СОСМРДЕНИ повеќе од 15 години. Во вакви услови полицајците се принудени да ги користат со наизменично менување на смените и при тоа ниту се врши промена за перење ниту пак се врши дезинфекција на објектот. Со години состојбата е непроменета а додека сега во моментот на епидемија полицајците се оставени на немилост во принуда за заразување и ширење на заразната болест. Бидејќи работодавачот платил “ЗА ДА НЕМА КОЈ ДА ЈА ОДРЖУВА ХИГИЕНАТА” во објектот каде со месеци никој не чисти а ниту пак се ДЕЗИНФИЦИРА… Во моментот веќе настанати се последици и веќе од пред неколку дена скоро пола од составот на вработените во ПС Танушевци се потврдено позитивни со Ковид 19 и се веќе во домашен карантин… Веќе кај двајца полициски службеници за жал се настанати компликации и се хоспитализирани во Болници.

Министерството за внатрешни работи да се изјасни и да даде објаснување кој ќе сноси одговорност за претходните наши предупредувања и алармирања а за непревземеното од нивна страна. Уште колку време ќе ги проучувате ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА, колку вработени треба да платат не дај боже со животи и уште колку време ќе “организирате” да ја ширите заразната болест или ќе се дрзнете да ја признаете МОРАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ и некој од Министерството конечно да понесе одговорност!!! Верувајте во Танушевци има се само нема „ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА“.
Синдикатот на Полиција во Македонија го предупредува Министерството за внатрешни работи да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа, да ја реорганизира работата согласно потребите, но и да биде зачувано здравјето на работниците. Во спротивно, Синдикат на Полиција во Македонија ќе биде принуден да преземе дејствија во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на вработените согласно законските прописи и легитимните инструменти кои ни стојат на располагање.
Ваква состојба има и на други места доколку не преземете мерки повторно ќе ја запознаеме јавноста.

Со почит,

Синдикат на Полиција во Македонија