СветСветот на работникот

Хрватска „плаче“ ПО УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИЦИ

Во јануари годинава во Хрватска имало 1,69 милиони вработени, што е за еден отсто помалку од претходниот месец, додека во однос на јануари лани бројот на вработени е зголемен за 3,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците, во јануари годинава во Хрватска имало 1.693.981 вработени лица, што е за 16.802 лица или еден отсто помалку во однос на претходниот месец.

Правните лица вработиле 1.470.120 лица, што е за 14.223 лица или еден процент помалку од еден месец претходно, а во однос на јануари лани бројот на вработени е поголем за 3,6 отсто.

Според податоците преземени од ДЗС од евиденцијата на Хрватскиот завод за пензиско осигурување, на крајот на јануари во занаетчиските и хонорарните професии имало 206.168 вработени, што е за 2.509 лица или за 1,2 отсто помалку во однос на претходниот месец, но во однос на годишното ниво, бројот на вработени во овие дејности е за 3,9 отсто поголем.

Бројот на вработени осигурени земјоделци, кој на крајот на јануари годинава изнесуваше 17.693, е намален за 0,4 отсто на месечно ниво и за 3,4 отсто на годишно ниво.

Подеталните статистички податоци за бројот на вработени во правните субјекти покажуваат дека на месечно ниво бројот на вработени е намален во повеќето стопански гранки, а најзабележително е во обезбедувањето сместувачки капацитети и дејности за подготовка и послужување храна, односно угостителство и туризам за 10,2 отсто.

Пад за повеќе од еден процент е забележан и кај дејностите здравствена заштита и социјална заштита, за 1,4 отсто, на 112.336 и другите услужни дејности, за 1,6 отсто, на 22.126.

Од вкупно 19 области на дејност за кои ДЗС објавува податоци, 16 од нив на крајот на јануари годинава вработиле повеќе работници отколку на крајот на истиот месец лани, а најголем процентуален раст е забележан во останатите услужни дејности, од 14,2 отсто.

Регистрираната стапка на невработеност во јануари изнесуваше 5,4 отсто, што е за 0,3 процентни поени повеќе од претходниот месец, покажуваат податоците.