СветСветот на работникот

Хрват на 59 години отишол да работи во Германија: Еве колку му е платата денес

Дали е некогаш доцна да се промени животот и да се замине од Балканот во потрага по подобар живот? Многумина ќе речат – најдоцна до четриесетите, а потоа не се исплати бидејќи никој нема да ве вработи.

Сепак, дека животот има поинакви планови покажува приказната на брачниот пар од Хрватска кој во Германија заминал кога повеќемина заминуваат во пензија, објавено е во Фејсбук групата на „Балканци во Германија“.

„Јас и сопругата работиме веќе седум златни години во Германија и откако ослободивме од животот во Хрватска, се препородивме. Само ни е жал што не дојдовме веднаш по војната или барем десеттина година подоцна. Иако сме, како што ни зборуваа во Хрватска, многу стари – јас 59, таа 56 години – овде сме примени и баш им одговараме: формирани личности, со возрасни деца, животно искуство и работна етика.

Плата 3,000 евра

„Мојата плата од 3,000 евра се троши на сите трошоци – стан, режии, храна и други ситници, а сопругата своите 2,500 евра убаво ги остава на страна, што е околу 25,000 евра годишно, за старост, така што тие пензии околу 1,000 евра ќе бидат како џепрлак и да не бидеме товар на своите деца. Данокот е 19 %, а не 25 % како во Хрватска. Платите се чесно исплатени, како и бонусите и божиќниците, Urlaubsgeld, премиите и сите други додатоци, враќање на данокот итн. – се’ се исплаќа на време и без приговор, отежување или заостанување како во Хрватска“, ја започнал својата приказна овој Хрват.

„Никако немојте да зборувате дека знаете да работите се’“

„Бидејќи работам на терен и секој ден проаѓам барем 300 километри, по полињата ширум оваа уредена држава гледам хектари и хектари со соларни панели и секојдневно нови ветроелектрани, а се повеќе кровови по селата исто така го имаат тој извор на струја, која е поевтина отколку во Хрватска кога ќе се споредат платите. Да, укинати се многу работни места, во главно оние кои се лесно заменливи, кои може да ги работат сите без посебни вештини, на пример на трака во некоја фабрика. Додека возачкот на камион, ѕидар, електричар, водоинсталтер, стоматолог, ветеринар или медицинска сестра, па дури и негувателите, можат да бираат помеѓу понудените позиции.“

Треба да се напомене дека Германците се повреден и поискрeн народ од нас, поуредни и поискрени. Ние сме подобри за пријателство, уживање и забава, а тие се штедливи, практични и понекогаш дури и скржави, па и кон сопствените деца ја немаат таа емотивна црта како ние. Невработеност од три милиони на 85 милиони жители не е ни 0,5 отсто, а постојано доаѓаат нови мигранти – повеќето од нив, дури 99 отсто, не доаѓаат да прават проблеми, туку да се спасат, па невработеноста не им е толкав проблем. Би можел уште долго да ги набројувам предностите на животот овде во однос на Балканот. Еве неколку совети за сите кои планираат да дојдат.

„Никако немојте да кажувате дека знаете да работите сè – тоа овде звучи лошо, фалбаџиски и неискрено, бидејќи не сте Супермен. Држете се до својата професија, струка или вештина што навистина добро ја знаете и фокусирајте се на тоа. Научете германски јазик, барем до ниво Б1 или Б2, за да не делувате несериозно во разговор“, советувал овој Хрват.

Децата се најголема мотивација

„Обавезно дојдете како пар, деца задолжително ако ги имате – ако немате, работете на тоа, тоа е вистинската мотивација! Самец овде нема многу што да бара. Дојдете и со барем десетина илјади евра додека не се снајдете и не ја поминете почетната фаза на прилагодување. Верувајте, тешко е да се почне од нула или од долгови. Избегнувајте ги таканаречените ‘наши луѓе’ – многумина се песимисти и не се подготвени искрено да помогнат. Поздрав од Баварија“, напишал.

Со него се согласија и други.

„Стојам зад секоја реченица. Овде сум повеќе од десет години и не се каам ни ден. Ние нашата ситуација ја решивме поинаку – изградивме куќа на кредит, но со една нормална плата живееме пристојно. За годишен одмор работам дополнителна работа. За седум-осум години ратата на кредитот ќе се намали за речиси илјада евра, па тоа повеќе нема да биде потребно. Платата секоја година расте и тоа не мораш ни да го бараш. Работна недела од четири дена – практично сум пола година дома. Потребно е само малку труд, учење на јазикот и посветеност на работата. И да не се работи кај наши“, напишал Давор.

Извор: b92.net