- Advertisement -
Новости

Царовска: Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата

Царовска: Инвестициите во образованието - Работник
166views

Министерката за образование и наука Мила Царовска заедно со министри и пратеници денеска ја посетија новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште, општина Теарце. Новата сала е градена согласно барањата за енергетски ефикасни објекти.

Министерката Царовска  нагласи дека со оваа современа спортска сала, учениците од оваа рурална општина добиваат катче за спортски активности но и за реализација на изборни предмети според афинитетите на учениците. 
„Физичкото образование создава здрави генерации, ги поттикнува учениците да спортуваат па и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа како Влада и како Министерството за образование и наука сме насочени кон инфраструктурни вложувања во објекти каде децата ќе можат во пријатни услови да ги реализираат часовите за спортски активности. И тоа го правиме плански. Минатата година имавме повик за инфраструктурно вложување во училиштата и оваа година продолжуваме да градиме по план, согласно потребите на општините, со цел да го подобриме основното образование во нашата држава. Затоа што за квалитетот на основното образование се важни сите чинители – и квалитетните наставни програми и обучените наставници но исто така се значајни и условите во кои се одвива наставата. Многу ми е драго што децата од оваа општина добиваат поквалитетно образование“, изјави Царовска.

Спортската сала во основното училиште во Доброште е со површина од 650м2  и е целосно опремена со спортски реквизити. Изградбата на салата чинеше 22,6 милиони денари.