ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Вработените во моловите што ќе работат во недела ќе имаат двојна дневница

   Време за читање помалку од минута

„Сите што ќе работат во недела ќе добиваат надомест за 50 отсто повисок, освен во моловите, кои што ќе работат само една смена, а вработените, продавачите ќе добиваат 100 отсто повисока дневница“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека, дополнително 2 отсто од годишниот промет од сопствениците во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет.

„Дополнително 2 отсто од годишниот промет на сопствениците што работат во моловите ќе бидат уплаќани во централниот буџет, од кој ние пак ќе градиме градинки“ истакна министерката Шахпаска.