МакедонијаСветот на работникотСиндикат

КСС го поддржува протестот на здравствената администрација

   Време за читање помалку од минута

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал во здравството, кој утре ќе се оддржи пред Министерството за здравство.

КСС е против секоја форма на дискриминација и неправда кон работниците и сметаме дека е направена неправда кон овие работници, како дел од здравството, бидејќи некои од нив работат за основна плата од 13.000 денари.

Сметаме дека треба да има покачување на платите за сите вработени во здравството и во целост ги поддржуваме нивните барања за изземање на здравствената администрацијата од административните службеници.