НовостиПравда

Царовска и Шахпаска на онлајн состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика

Царовска и Шахпаска на онлајн состанок - Работник
32views

Министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини одржаа онлајн состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика. На денешната средба, во рамки на редовниот дијалог, се дискутираше за приоритетите, координацијата и имплементацијата на политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, преку програмите финансирани од претпристапната помош.

Министерката Царовска посочи дека обезбедувањето на сеопфатно, инклузивно и интегрирано модерно образование е стратешка цел на Министерството за образование и наука и на Владата, за што во тек се темелни реформи во основното и средното образование. Во фокусот на реформите насочени кон квалитетно образование, се како учениците, така и наставниците.  

Тематски приоритети за кои се разговараше беа и зголемувањето на нивото на вработувања, како и квалитетот на работните места и продуктивноста, но и  намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Исто така, на средбата се разговараше за индикаторите за проектот „Интеграција на Ромите 2020“, кој има за цел да придонесе за намалување на социо-економскиот јаз и зголемување на интеграција на Ромите во тековните развојни политики.

Секторската работна група ја координираат Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и во неа членуваат претставници од институциите задолжени за креирање на секторските политики и стратегии, европските интеграции и ИПА, како и граѓански организации, меѓународни партнери и донатори.