Правда

Царовска: Секое училиште што ги исполнува условите може да организира настава со физичко присуство

Царовска: Секое училиште - Работник
124views

Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 2020/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница.

Планот на Министерството за образование се  базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

„На општините и училиштата им даваме можност  да организраат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите,“ рече Царовска.

Филипче: Бројката на ученици во просторијата да биде најмногу до 20

Имено, Владата го донесе планот за почеток на училишната година. Планот е школската година да почне на 1. октомври, а пропишани се протоколи по кои ќе се одвива наставата со физичко присуство.

Како што е познато, настава со физичко присуство ќе може да посетуваат децата од прво до трето одделение, со дозвола на родителите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги соопшти протоколите за физичко присуство за училиштата.

„Отворањето на училиштата мора да биде внимателно. Сведоци сме дека секаде онаму каде што одеднаш се отворија овие установи, бројката на заразени нагло порасна. Затоа треба да биде внимателно.

Останува на сила мерката за физичко присуство само на учениците од прво до трето одделение со прифаќање од родителот.

Што се однесува до протоколите, бројката на ученици во просторија да биде најмногу 20 и да има најмалку 1,5 метри дистанца со маски. Во основните училишта доколку дозволуваат временските и другите услови, да се одвива настава надвор.

Доколку се реализира надвор, се препорачува да не се носат маски, но дистанца мора да има. Учениците престојуваат во една просторија, и се забранува менување на кабинети.

На првиот ден се води настава околу тоа како учениците да ги користат мерките. Се носи оброк од дома. Учениците го конзумираат оброкот во училницата со контрола од наставник.

Не е дозволено влегување на други лица, како лица за чистење, поправка или за храна додека се децата во училиште.

Класните раководители се грижат меѓу учениците да има дистанца како за време на часот, така и на големиот одмор.

На крајот сакам да порачам дека јас ги разбирам средношколците, но оваа состојба не е избор, туку е нужност. Ова мора да се почитува и да се разбере“, рече Филипче.